Header Image
Основни информации за НЛБ Клубот на привилегии

Со особено задоволство би сакале да Ве информираме дека услугата Лично банкарство ја збогативме и надградивме со НЛБ Клубот на привилегии. Вие, како корисник на услугата Лично банкарство, автоматски станувате член на НЛБ Клубот со што имате можност да ги користите сите поволности и придобивки кои ги носи истиот.

НЛБ Клубот е креиран со единствена цел, зголемување на Вашето корисничко задоволство и додадена вредност на услугата лично банкарство. Се работи за програма на лојалност која во себе содржи специјални поволности и попусти на повеќе од 100 продажни локации во Македонија, како и врвна услуга со ВИП третман кај одредени продажни места.

Услови за користење на НЛБ Клуб привилегиите

Како корисници на услугата лично банкарство на НЛБ Банка, овие привилегии можете да ги искористите со приложување на Вашата Visa Electron дебитна картичка за лично банкарство на продажното место. При плаќањето, можете да искористите било која друга картичка издадена од НЛБ Банка.

Изглед на Visa Electron дебитна картичка за лично банкарство:

card